Утрински Весник
Македонија

Македонски државјанин пукал вчера од автомобил кон група луѓе во Швајцарија!

Pistol pukanje 960x640 1.jpg

Македонски државјанин пукал од своето возило кон луѓе во Швајцарија. Осомничениот испукал најмалку еден куршум во близина на мала група мажи кои стоеле пред јавен локал. Веднаш по пукањето сторителот се вдал во бегство. Две лица од нападнатата група веднаш влегле во автомобил и започнале потера по него сè до местото Бекс, каде што му ја изгубиле трагата.


По губењето на трагата, швајцарската полиција покренала огромна потрага. Македонскиот државјанин конечно бил откриен и уапсен во местото Шател-сур-Бекс. Немал пријавено живеалиште во Швајцарија.

Тамошното обвинителство против него веќе отворило официјална кривична истрага, заради целосно расчистување случајот. Во меѓувреме за 34-годишниот осомничен е поднесено барање за одредување притвор.

Можете да прочитате

Маж следел 51-годишна жена, ја фотографирал и телефонски ја вознемирувал

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наликува на секта

На странски државјанин му биле откриени непријавени 150 илјади фунти на скопскиот аеродром