Утрински Весник
Економија

Македонската банкарска асоцијација: Проблемот со картичките не е во националните телеком-оператори, ниту во системите на банките

Македонската банкарска асоцијација: Проблемот со картичките не е во националните телеком-оператори, ниту во системите на банките

Средствата на клиентите се достапни во сите експозитури и филијали, велат од Македонската банкарска асоцијација.

dobivaj vesti na viber

„Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија“, се истакнува во нивното соопштение.

Посочуваат дека членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard.

„Од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком-оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација“, се истакнува во информацијата од оваа асоцијација.

Се надеваат на брзо нормализирање на сервисите.

Можете да прочитате

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите

Дурмиши: Цените на храната се намалуваат