Утрински Весник
Македонија

Македонска Каменица во тридневна жалост по трагичната смрт 

Img 5023.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Македонска Каменица влегува во денови на жалост. Советот на општината на денешната вонредна четврта седница донесе едногласна одлука за прогласување тридневна жалост на целата територија на општината по повод трагичната смрт на нивната сограѓанка Симона Каранфиловска.

Поради овој тажен настан, општината ги менува плановите за дочекот на Новата година. Деновите 30 и 31 декември 2025 година, како и 1 јануари 2026 година, се прогласени за денови на жалост. Во овој период се откажуваат сите планирани културни и забавни манифестации организирани по повод новогодишните празници.

Во знак на почит и сочувство, државните знамиња пред објектот на локалната самоуправа и пред сите јавни институции во градот ќе бидат спуштени на половина копје. Одлуката стапува во сила веднаш и ќе биде објавена во Службениот гласник на општината.

Членовите на Советот и градоначалникот упатија длабоко сочувство до семејството, пријателите и најблиските на починатата Симона Каранфиловска. Македонска Каменица 2026 година ќе ја пречека во тишина и достоинство, оддавајќи почит кон својата прерано почината сограѓанка.

Можете да прочитате

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Лишен од слобода возачот кој денеска попладне со возило во скопски Чаир удри во дете и избега