Утрински Весник
Македонија

Македонка од „Љубов сме“: Ракот во Македонија се уште е табу тема и се смета за равенство на смрт

Screenshot 2024 12 22 193224.jpg

Во деветтата епизода на подкастот ЗРАК со д-р Марина, гости беа три онколошки пациентки кои се дел од здружението „Љубов сме“. 

Македонка, претседателка на здружението во своето излагање посочи како тоа настанало и со каква цел е неговото функционирање.

„Љубов сме“ настана неколку месеци по мојата дијагноза. Јас сум онколошки пациент оперирана во 2017 година со поминати шест хемотерапии. Кога влегуваш во тие ходници на Клиниката за онкологија, тогаш се соочуваш со се што треба и не треба да видиш. Но, она што нас ни претставува проблем кога влегуваме во тие ходници, искрено во самиот човек владее и добро и лошо и бес и страв. Со ракот може да се живее потребни се навремени контроли, контакти со доктори. Треба да се зборува погласно а ние како пациенти најдобро знаеме низ што сме поминале и тоа е и една од целите на нашето здружение“ рече таа. 

Македонка, порача дека во македонското општество канцерот како болест се уште е табу тема.

„За жал, ракот кај нас се уште е табу тема и се уште е равенство на смрт. Кога некој ќе добие дијагноза со рак, смета дека веќе е мртов. Тоа секако дека не е така“ заклучи таа.

Можете да прочитате

Влада: 1570 стипендии за учениците во дуалното образование

Родители на починатите во пожарот во Кочани бараат појаснување на обвинението

Најава за дестабилизација на атмосферата: Локални врнежи, грмежи и невреме!