Утрински Весник
Македонија

Македонија во жолта фаза: Жештините продолжуваат и во септември

Screenshot 2026 08 27 162413.jpg

Македонија денеска и утре ќе биде во жолта фаза поради високите температури, а летното време ќе продолжи и во првите денови од септември. Денеска максималната температура во делови од земјава ќе достигне до 37 степени, а високи температури се очекуваат и во среда.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови на одредени места ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од 14 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 31 до 37 степени. Во Скопје се очекува температура до 37 степени.

Во среда и четврток локалната нестабилност ќе биде поизразена. На повеќе места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови и за појава на невреме со град. Температурите благо ќе се намалат, но и натаму ќе остане релативно топло.

Во петок се очекува постабилно и нешто посвежо време, но засега нема најава за трајно заладување. За време на викендот повторно ќе преовладува сончево и топло време, а температурите во повеќе места повторно може да надминат 30 степени.

Краткотрајно освежување, според прогнозите, е можно во втората половина од работната недела, но позначително есенско заладување засега не се наѕира.

Долгорочните прогнози укажуваат дека септември би можел да биде потопол од просекот. Посвеж период е можен подоцна во текот на месецот, но долгорочните метеоролошки прогнози се подложни на промени.

Можете да прочитате

Уапсен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166 км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80 км/ч

Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази