Утрински Весник
Спорт

Македонија во третиот барабан во квалификациите за СП 2026

12556020.jpg

Фудбалската репрезентација на Македонија од третиот шешир ќе ги чека противниците во кавлификациите за пласман на Светското првенство цо 2026 година, чии домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада. Ждрепката ќе се одржи на 13.декември во Цирих.

УЕФА го промени квалификацискиот систем, бидејќи Европа ќе обезбеди 16 претставници за следното Светско првенство. Затоа во квалификациите ќе има 12 групи, победниците ќе одат директно во САД, Мексико или Канада, додека сите второпласирани ќе играат плеј-оф со четирите најдобри селекции од Лигата на нации, од кои четири ќе изборат пласман на Мундијалот.

Шеширите за квалификациската ждрепка ќе бидат одредени кога ќе се одигра последниот натпревар од Лигата на нации.

Најдобрите осум репрезентации од А-дивизијата во Лигата на нации влегуваат во првиот шешир, заедно со четирите преостанати најдобро пласирани тимови на ФУФА листата. Многу генијален систем, па Англија сигурно ќе биде во првиот шешир, иако е во Лигата на нации во Б-дивизијата, со оглед на тоа што го зазема четвртото место на ФИФА листата.

Во пресрет на последниот циклус од Лигата на нации, 38 од 54 земји кои ќе играат во квалификациите веќе знаат во кој шешир ќе ја чекаат ждрепката.

Носители ќе бидат: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија, Германија и Хрватска.

Според проекцијата, најблиску до првиот шешир се Швајцарија, Данска (поради рангирањето на ФИФА) и Австрија.

Во вториот шешир сигурни се само четири репрезентации: Украина, Турција, Шведска и Велс.

Според проекцијата во вториот шешир ќе бидат: Унгарија, Србија, Полска, Грција, Словачка, Романија, Чешка и Норвешка.

Покрај Македонија сигурни во третиот шешир се: Република Ирска, Финска, Грузија, Албанија, Исланд, Северна Ирска и Црна Гора.

Проекцијата вели дека во третиот шешир ќе бидат и: Шкотска, Словенија, БиХ и Израел.

Четвртиот шешир е речиси завршен и тука се: Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Летонија, Фарски Острови и Литванија. Има само едно слободно место, а прогнозите се дека ќе го пополни Бугарија.

И конечно во петтиот шешир се: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.

Репрезентациите од А-дивизијата во Лигата на нации кои ќе се пласираат во четвртфиналето на натпреварувањето ќе учествуваат во квалификациските групи со четири екипи, додека другите групи ќе имаат по пет екипи.

Можете да прочитате

Марадона ќе добие споменик во центарот на Буенос Аирес

Алкараз по елиминацијата од Имбер се пожали на подлогата во „Берси“

Застрелан поранешен играч на Хајдук и Риека