Утрински Весник
Македонија

Македонија во групата на делумно слободни држави, според извештајот на „Фридом хаус“

Нови податоци од пописот: Немажени и неженети се 23,8 отсто, а вонбрачно живеат 1,6 отсто од двојките

Во најновиот извештај на „Фридом хаус“, со наслов „Слободата во светот 2023“, Македонија има годишен индекс на слободата од 68 од можни сто поени.

dobivaj vesti na viber

Рангот претставува напредок од еден индексен поен во споредба со лани, а земјата е во групата на делумно слободни држави.

Од регионот во истата група се Србија, која бележи пад и иа 6м0 поени, Косово, кое со истата бројка има напредок од четири поени. Албанија и Црна Гора имаат 67 поени, Бугарија 79, Хрватска, 84 и Грција 86.

Помеѓу земјите од регионот највисок индекс на слободи има Словенија со оценка 95, а најнизок Босна и Херцеговина со 52 поена.

Земји со најголеми слободи во светот се Шведска, Норвешка и Финска, кои имаат максимални 100 поени. Најслабо оценети се Северна Кореја со 3 и Сирија со 1 поен.

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија