Утрински Весник
Македонија

Македонија на удар на засилен топол бран од Африка: Температури до 40 степени!

Ecm1 72 1.gif
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание на засилен топол бран од Африка и истиот ќе услови многу топло и сончево време со мала локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.


Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу високи, а особено високи температури ќр имаме од среда до петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 39/40 степени, особено од среда до петок. И во Скопскиот регион ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

УВ ИНДЕКСОТ за време на овој засилен топол бран од Африка ќе има екстремно висока вредност  и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Барем одсега гледано, освежување на времето, пад на температурите, но и дестабилизирање на атмосферата ќе имаме во петок во попладневните  и во вечерните часови кога ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за ново локално невреме.

Можете да прочитате

Младo момче ограбено во Градскиот парк

Филипче: Гласањето е најсилниот протест против неспособноста на власта!

Aртилериска граната од Првата светска војна откриена во Битолско