Утрински Весник
Спорт

Македонија извлече реми против Финска пред полупразни трибини во Скопје

Македонија извлече реми против Финска пред полупразни трибини во Скопје

Пријателскиот меч помеѓу Македонија и Финска не привлече многу гледачи на „Тоше Проески“ во Скопје, а тие кои есенската вечер ја помина на стадион не беа разочарани барем од залагањето и играта на двете репрезентации, иако можевме и повеќе од само 1:1 реми.

dobivaj vesti na viber

Гостите имаа подобро прво полувреме од македонските репрезентативци и заслужено дојдоа во водство во 37. минута по еден брз контранапад по грешка во средниот ред на нашата репрезентација, а Оливер Антман немаше проблем да го совлада Столе Димитриевски.

Во второто полувреме, тимот на Благоја Милевски беше поактивен и поубедлив, за конечно да дојдеме до израмнување во 75. минута, кога Џани Алиоски беше соборен во шестнаесетникот, а Енис Барди со фантастичен удар го надмудри голманот Џеси Јоронен. Финците беа опасни пред нашиот гол, и во 84. минута

Македонија ја очекува уште еден пријателски меч, против Азербејџан в недела, на денот на отворање на Светското првенство во Катар.

Фото: ФФМ

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД