Утрински Весник
Македонија

„Македонија е сè што имаме” – свечен настан на СДСМ по повод 35 години независност

Filharmonija 3.webp.webp

Вечерва со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Филхармонијата на  Република Северна Македонија, под слоганот „Македонија е сè што имаме”, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира свечен настан по повод 35 години од независноста.

На свечениот настан свое обраќање пред присутните ќе има претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Во рамки на настанот премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Глигоров од Македонија”, дело на Никола Т. Калајџиски и Аристид Филактов, посветен на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Пренос во живо ќе биде обезбеден на официјалните канали на СДСМ (ФБ, Јутјуб) и на официјалната страница на претседателот Венко Филипче.

Документарниот филм премиерно ќе биде прикажан во целост пред присутните гости на свечениот настан. Поради заштита на авторските права, целосната проекција на документарниот филм ќе може да ја проследат присутните во салата, додека преносот во живо ќе биде реализиран согласно законски дозволеното време и услови за емитување.

Можете да прочитате

Лишени од слобода две лица во Струга, пронајден е пиштол

Мицкоски: Од ограбена држава клекната на колена за три години направивме подобро место за живеење

За првпат целосно дигитални учебници за деветто одделение – „Арс Ламина” ги обезбедува бесплатно за сите ученици и наставници