Утрински Весник
Македонија

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври

Image 2026 05 18 190013649.png

Македонија во октомври треба да биде организатор на состанокот Брдо Бриони, кој требаше да се одржи на Бриони, но беше откажан по заострувањето на реториката меѓу Хрватска и Србија.

​- Морам да кажам дека колегата Зоран Милановиќ го разбирам зошто ја откажа веќе договорената средба на Бриони. И двајцата секако почнавме да размислуваме каде да најдеме решение. Сите во рамките на процесот Брдо-Бриони се согласуваме дека ова е единствена платформа каде што сите држави на Западен Балкан и Словенија и Хрватска, еднаш годишно разговараме. И тоа е навистина битно, рече словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова по средбата во Љубљана.


Пирц Мусар истакна дека не е одлучено во кој град во Македонија ќе се одржи но најави дека ќе биде во октомври.

-Сега до мај не можеме на брзина да го организираме, значи октомври, датумите ќе ги кажеме накнадно, тоа е во рацете на претседателката, рече словенечката претседателка.

Смета дека навистина е важно процесот да продолжи и сите да се присутни на состанокот.

– Значи тоа е навистина битно, и Косово и Србија се тука. И јас мислам дека некои задршки или проблеми на страна претседателот нема да има, бидејќи треба да се случи во Северна Македонија и мислам дека тоа сега е веќе факт. И уште еднаш навистина благодарам на претседателката на Северна Македонија дека ќе го организира овој процес- нагласи Пирц Мусар.

Содржински, рече, секако овој процес е исклучително битен.

– Таму седиме заеднo, се разговара за работи кои можеби не се толку проблематични, политички најпроблематични. Секогаш се обидуваме да најдеме некоја тема која ни е блиска и мислам дека со претседателката на Северна Македонија и оваа година ќе најдеме некоја тема која не не раздвојува, туку не соединува, рече словенечката претседателка, додавајќи дека тоа не значи оти не се разговара и за потешки политички теми и добро е дека е така.

Процесот Брдо Бриони е инициран од Хрватска и Словенија во 2013 година. На него учествуваат земјите од Западен Балкан и Словенија и Хрватска. 

Можете да прочитате

Ристов: Идејата за анализата на блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена на струјата

Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме

МВР со апел до граѓаните навремено да ги подигнуваат готовите документи