Утрински Весник
Македонија

Македонија донираше музејски експонат од Втората светска војна

Македонија донираше музејски експонат од Втората светска војна

Во рамки на официјална посета на Словенија, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за одбрана на Словенија Марјан Шарец, го посетија Паркот на воената историја Пивка каде со церемонија беше извршено примопредавање на музејски експонат, германски противвоздушен топ „Флак 38“ од Втората светска војна, донација од Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Музеите се наше автентичното наследство – места каде се потсетуваме и учиме за историјата, места кои инспирираат, нè поврзуваат со нашите предци и нè потсетуваат на настаните од минатото. Чест ми е што со нашата донација ќе ја збогатиме поставката во овој музеј“, рече министерката.

Паркот на воена историја во Пивка содржи поставки на оружје и воена опрема од Втората светска војна од подрачјето на регионот од поранешна Југославија.

Официјалната посета на министерката Петровска на Словенија продолжува и утре, со посета на Воздухопловна база на словенечките вооружени сили во Церкље об Крки каде ќе биде изведена показна вежба и посета на регионалното Школо за операции воздух – земја.

Можете да прочитате

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица

Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата