Утрински Весник
Македонија

МАКЕДОНИЈА ДО САМИОТ КРАЈ ОД ОВАА СЕДМИЦА ПОД ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Температури до 40 степени, но и можност за невреме

Gfs 0 60.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски

Територијата на Македонија се до крајот на оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на екстремно топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Токму поради ова температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат  и до 40 степени.

Не се исклучува можноста температурата локално во централните  и во југоисточните предели да надмине  и 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност 9, па поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Времето и понатаму ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак оваа седмица атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е  и појава на краткотрајно невреме.

Утре (вторник) нестабилност во попладневните часови ќе има особено во западните предели од државава.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен