Утрински Весник
Магазин

Македонија ја доби новата музичка ѕвезда: Талентираниот тинејџер Наум Бумбарески е победник во “Пат до Ѕвездите”

Pat Do Zvezdite.png
Dik 300x250 mk

Вчеравечер се случи големото финале на македонското музичко талент шоу “Пат до Ѕвездите”, кое во живо се емитуваше на тв “Алфа” и “Балкан Мјузик”.

Македонија ја доби новата музичка ѕвезда, а тоа е младиот Наум Бумбарески (15) од Ресен, кој вчера беше буквален победник во скоро сите категории. Победник од жирокомисија и победник од смс-гласови.

Второто место и припадна на младата и талентирана битолчанка Софија Пуровска, додека пак третото место заврши во рацете на Михаел Милошески од Прилеп.

На сцената продефилираа 10 финалисти, а секој од нив успеа да ја импресионира жирикомисијата составена од Роберт Саздов, Стојне Николова, Панчо од ДНК, Сузана Спасовска и Огнен Неделковски.

Сепак, на крајот мораше да се избере само еден од нив.

Наум Бумбарески како победник ќе добие песна, музички видеоспот, а исто така и договор со “Арт Продукција”.

Инкаку Наум е најмладиот учесник во двете сезони на “Пат до Ѕвездите”, а иако пропозициите на шоуто беа дека право на учество имаат тие над 16 години, сепак продукцијата направи отстапка и му дозволи на младото момче од Ресен да се натпреварува и да го покаже својот талент.

Погледнете како изгледаше прогласувањето на победникот:

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци