Утрински Весник
Македонија

Магла на патните правци Струмица-ГП Ново Село и Неготино-Демир Капија

Magla.jpg

На патните правци Струмица-граничен премин Ново Село и Неготино-Демир Капија утринава има магла поради што видливоста е наманела од 100 до 150 метри, информира јавното претпријатие „Македонија пат“

На останатите патни правци низ државата сообраќајот утринава се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.


Од Македонија пат информираат дека на одредени патни правци што поминуват низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони.

Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. 

Можете да прочитате

Клековски: И натаму има 250 до 300 нови случаи дневно во Гостивар, анализите на водата готови утре

СДСМ: ВМРО-ОКГ со децении ја управуваше Македонија, а сега бара уште 6 години за Охрид

ИЈЗ со важни препораки за граѓаните на Гостивар