Утрински Весник
Македонија

Магла и снег на повеќе патни правци

Magla Avtopat.jpg

 Магла и снег може да се забележат на повеќе патни правци во Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ.

Врнежи од снег има на Попова Шапка. Задржување на снегот на коловозот на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка.

Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци и тоа до 80 метри на патот Штип – Неготино кај Серта, до 50 метри во Крушево, до 100 метри на планинскиот премин Стража и до 50 метри кај Маврово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

АНБ распиша јавен оглас – 24info.mk

Мицкоски го претстави новиот ИК: Ковачки генерален секретар, Томовски организациски секретар

Апасиев: Не треба да се забрани производството на медицински КАНАБИС!