Утрински Весник
Свет

Мадуро прогласи „состојба на надворешна закана на целата територија“

Maduron.jpg

Венецуелската влада соопшти дека „ја отфрла и осудува“ американската „воена агресија“ откако денеска во Каракас се слушнаа авиони и експлозии,

Владата во Каракас ги обвини САД дека сакаат да „ги преземат стратешките ресурси на Венецуела, особено нејзината нафта и минерали, во обид насилно да ја уништат политичката независност на нацијата“. „Таквата агресија го загрозува меѓународниот мир и стабилност, особено во Латинска Америка и Карибите, и сериозно ги загрозува животите на милиони луѓе“, се додава во соопштението.

Претседателот Николас Мадуро прогласи „состојба на надворешна закана на целата национална територија, со цел да се заштитат правата на населението, целосното функционирање на републиканските институции и веднаш да се премине на вооружена борба“.

„Целата земја мора да се мобилизира за да ја победи оваа империјалистичка агресија“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Целосен мрак во Ирак – 24info.mk

Куба остана без струја – 24info.mk

Војната со Иран го чини Израел 2,63 милијарди евра неделно