Мадс Микелсен го исполнува сонот од детството глумејќи во филм за познатиот археолог авантурист Индијана.
57-годишниот актер, кој го глуми негативецот Јирген Волер во новиот филм „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“, објасни дека улогата има дополнително значење бидејќи целиот свој живот бил фан на серијалот што го води Харисон Форд.
Во интервју за „Ентертејнмент викли“, Мадс изјави: „Кога бев млад, немав поим дека ќе станам актер. Ги гледав овие филмови како и сите други. Тоа отсекогаш беше дел од мене, така што особено важно за мене е да бидам дел од овој серијал сега, 40 години подоцна.“
Ликот на Мадс е поранешен нацист кој станал научник и математичар, но тој и режисерот Џејмс Манголд се согласија дека антагонистот не треба да има целосно германски акцент.