Мадона одговори на негативните коментари во врска со нејзиното појавување на „Греми“ наградите и ја обвини камерата со долг објектив, за која вели ѝ го сменила лицето.
64-годишната музичка легенда се соочи со лавина критики за нејзиниот изглед на свечената церемонија на доделување на престижните музички награди минатата недела.
Во прилично долга објава на својот „Инстаграм“ профил таа вели: „Уште еднаш сум фатена во сјајот на ејџизмот (дискриминација според возраст) и мизогинијата“.
Таа сподели видео од вечерта во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, каде се забавуваше со Сем Смит и Карди Би.
Во придружниот опис на објавата, Мадона возвраќа на коментарите за нејзиниот непрепознатлив изглед на свеченоста, кои доминираат на социјалните мрежи веќе неколку дена.
Според неа, токму камерата со долг објектив ѝ го изобличила лицето и го направило да изгледа позаоблено и подуено отколку што всушност е.
Таа го дијагностицира проблемот, додавајќи: „Уште еднаш сум фатена во сјајот на ејџизмот и мизогинијата, кои стануваат сè поприсутни во светот во кој живееме.“
„Наместо да се фокусираат на она што го кажав во мојот говор, а тоа беше за изразување благодарност за бестрашноста на уметниците како Сем и Ким, многу луѓе избраа да зборуваат за моите фотографии што ги направил новинарски фотограф со камера со долг објектив кој би го изобличил сечие лице!!’ напиша таа.