Утрински Весник
Македонија

Мај оваа 2025 година ќе биде посвеж и поврнежлив за разлика од изминатите неколку години!

Meteoalarm.mk 80.png

Оваа 2025 година мај во нашата Република Македонија, но и во регионот ќе биде просечно топол гледано по температурите, иако, повремено е можно и негативно отстапување на температурите, поточно, да имаме поладно време и со потпросечни температури за месец мај. Да не не изненади доколку и во мај се појават слаби утрински мразеви.

MK Summit


Што се однесува до врнежите, мај ќе биде поврнежлив месец за разлика од изминатите неколку години, односно очекувам натпросечно количество на врнежи овој мај. Исто така, очекувам и развој на грмотевични облаци, а растат и условите за појава на поголеми временски непогоди со обилни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и електрични празнења, а можна е и честа појава на град.

Се на се, да бидеме подготвени за нови временски непогоди кои го очекуваат регионот, но и Македонија во текот на месец мај.

Можете да прочитате

Утре започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциската комисија

Катерина Зајковска избрана за нов член на ДКСК