Утрински Весник
Магазин

Мајкл Џеј Фокс нема тажен живот и покрај Паркинсоновата болест

Мајкл Џеј Фокс нема тажен живот и покрај Паркинсоновата болест

Мајкл Џеј Фокс инсистира на тоа дека животот не му е тажен иако има Паркинсонова болест.

dobivaj vesti na viber

На 61-годишниот актер му беше дијагностицирано нарушување на мозокот – што предизвикува неконтролирани движења, како што се тресење, вкочанетост и тешкотии со рамнотежата и координацијата – кога имал 30 години.

Но, додека ја примаше наградата за животно дело на „Mувинг имиџ авордс 2023“, тој нагласи дека сè уште има многу прекрасни работи во животот, вклучувајќи ја и неговата сопруга Трејси Полан и нивните деца.

„Имам толку многу убави работи во мојот живот, Трејси и Акина и Шајлер, и Сем и Есмеј кои не се тука,“ рече тој.

„Немам плачлив, тажен живот. Се случи ова, што навистина е грозно нешто, но ме стави во позиција да правам други работи кои беа ефективни. Но, она што ми се допаѓа во врска со седењето тука вечерва, е дека се однесува на глума и на филм, а јас сакам глума и сакам филм.“

Можете да прочитате

Првпат во историјата на Оскарите еден филм освои дури 16 номинации

Кои се предностите од редовниот тренинг дома во зима

Што се случува со мозокот кога редовно внесуваме омега-3 масни киселини?