Утрински Весник
Свет

Мајка од Тексас се породила и го оставила бебето да умре во тоалет на бензинска пумпа

Мајка од Тексас се породила и го оставила бебето да умре во тоалет на бензинска пумпа

Полицијата во Тексас објави видео од жена за која се верува дека се породила во тоалет на бензинска пумпа во Хјустон и го оставила бебето да умре.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил на 2 април годинава. Муштерија го пронашла новороденчето во тоалетот околу 04:30 часот и повикал брза помош.

Девојчето починало пред да пристигне помошта, пишува „Дејли мејл“.

Полицијата сè уште не ја пронајде мајката и објави видео од жената за која се верува дека е осомничена. На видеото се гледа како жената влегува во бензинската пумпа.

Тие додале дека жената била во тоалетот околу 15 минути, а бебето било пронајдено околу еден час подоцна.

„Никој друг не влегол во тоалетот, а бебето не било таму пред таа да влезе“, соопштија од полицијата.

Полицијата не е сигурна дали бебето било мртво родено или починало по породувањето, но велат дека „бебето било мртво некое време пред да биде пронајдено“.

Можете да прочитате

Трамп: САД би можеле „лесно“ да го отворат Ормускиот Теснец

Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи

Руски борбен авион Су-30 се урна над Крим