Утрински Весник
Свет

Maж убил жена во центарот на Риека

Maж убил жена во центарот на Риека

Тепачка во која е убиена жена се случила денеска во барот „Пин“ во центарот на Риека, јави агенцијата „Хина“, повикувајќи се на извори од Полициската управа на Приморско-горската жупанија.

Според првите податоци, во тепачката учествувале маж и жена.

Во 14.42 часот полицијата добила пријава дека во барот на Павлинскиот плоштад дошло до тепачка, како и дека е повредена една жена.

Полициски службеници, како и медицински лица излегле на местото на настанот и се обиделе да ја реанимираат повредената жена.

Полицијата засега не соопштува други детали за настанот.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја