Утрински Весник
Македонија

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Mnav 960x533 1.jpg
Dik 300x250 mk

М-НАВ денеска во реакција на завчерашната изјава Тасевски наведува дека „јавно му се заблагодарува за неговото признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, е незаконит и дека е свесен дека постапува надвор од закон“. 

“На ден 22.10.2025 година М-НАВ АД Скопје преку правниот застапник Адвокат Горан Николовски одржа прес конференција на која без презентирани ставовите и аргументите на М-НАВ АД во врска со штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје.


Истиот ден по завршување на прес конференцијата на М-НАВ АД, прес конференција одржа и г-динот Александар Тасевски претседател на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски.
На тој прес г-динот Александар Тасевски изјави дека:

• Барањата за заштита на работнички права од работен однос, како причина за организирање на штрајк се доставени уште во 2023 година и директорите да ги побараат преку архивата на М-НАВ
• Воедно запрашан од страна на новинарите дали ако повторно одат на штрајк во следното известување ќе бидат наведени барањата за заштита од работен однос и ќе биде спроведена постапката за помирување, г-динот Александар Тасевски изјави дека дека не може да ги наведат барањата за заштита на праава од работен однос, од причина што во тој случај ќе треба да почне нова постапка за помирување.

Во врска со изнесените наводи на г-динот Александар Тасевски јавно му се заблагодаруваме за неговото признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, Е НЕЗАКОНИТ И ДЕКА г-динот Александар Тасевски е свесен дека постапува надвор од закон.

Г-динот Александар Тасевски јавно призна дека свесно спроведува незаконски атак врз М-НАВ АД Скопје, односно дека свесно ја загрозува и внесува несигурност во секторот авио сообраќај и свесно го руши угледот на М-НАВ АД Скопје и на државата во целост.
Со ваквите признанија уште еднаш се потврдува дека станува збор за лично политикантство и желба за само промоција на г-динот Александар Тасевски.

Исто така наводите на Г-динот Александар Тасевски дека во законот се предвидува дека кој било синдикат вертикално, дали е тоа синдикат на работодавачи, синдикат на гранка или сојузот на синдикати има право да организира штрајк, се однесуваат исклучиво на Независниот синдикат за сообраќај и врски, а не и на Подружницата ССКЛ со оглед дека Подружницата не е синдикат, нема правен субјективитет и евентуалното организирање на Штрајк како заштита на права од работен однос може да ги остварува единствено преку Независниот синдикат чија што подружница е”, стои во соопштението.

Можете да прочитате

ЦИОС – група, Загреб: „Македонски железници – Транспорт” ни должат 25 милиони евра за кои гарантира државата Македонија со закон од 2004 година

Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, за Пулс, дивата сеча и тепањето советник

Тешко повреден 71 годишник, со четирицикл удрил во ѕид од куќа