Утрински Весник
Свет

Mлад Словенец нарачал оружје преку интернет, планирал масакр врз неговите врсници затоа што го исмевале

Mлад Словенец нарачал оружје преку интернет, планирал масакр врз неговите врсници затоа што го исмевале

Дваесетгодишно момче од околината на Крањ е приведено под сомнение дека поради одмазда подготвувало напад со оружје што го нарачал од САД преку „темната мрежа“, а требало да дојде на неговата адреса во пакет скриен во микробранова печка, потврди словенечката полиција.

Полицијата во соопштението објави дека во соработка на словенечките и американските безбедносни органи е спречено реализирање на планирани убиства со оружје, без да се соопштат детали.

Оружјето е одземено во САД од страна на Американската служба за домашна безбедност, со што е спречен потенцијален напад со пукање во Словенија, потврди полициската управа на Крањ на прес-конференција во попладневните часови.

Без откривање на идентитетот на осомничениот, полицијата изјавила дека станува збор за лице кое досега не било во кривична или прекршочна постапка. Во интерес на понатамошната истрага, таа не сакаше да ги потврди тврдењата на медиумите дека станува збор за возрасно лице од областа Крањ, по шпекулациите во печатот дека лицето подготвувало убивање со пукање слично на оние што често се случуваат во САД.

[PREPREČILI NAČRTOVANE UMORE] Slovenska Policija je v sodelovanju z ameriškimi varnostnimi organi preprečila množičen…

Posted by Slovenska policija / The Slovenian police on Wednesday, 28 April 2021

Американската служба за домашна безбедност открила пиштол „Глок“ и автоматско офанзивно оружје „Ремингтон“ со придружни видови муниција во пакетот испратен во Словенија и ги известила словенечките безбедносни органи, кои потоа реагирале. Сè се случи во април годинава, беше наведено на прес-конференција во полициската администрација во Крањ.

Според „24ур“, осомничениот планирал масакр во неколку јавни институции.

Тој имал точен список на локации и имиња на луѓе кои сакал да ги убие. Според словенечките медиуми, мотивот бил одмазда. Тој планирал да убие неколку колеги со кои одел во основно училиште, како и неколку вработени во училиштето затоа што го исмевале.

Сите на списокот сега се под полициска заштита.

Можете да прочитате

УНРВА го означи раселувањето на жителите на Рафа како нехумано

Британец добил џекпот од 10,2 милиони фунти и го поделил со своите соседи

Бројот на загинати во Газа надмина 35.000