Утрински Весник
Македонија

Mалиот пазар во Велес останува затворен, на Големиот градски пазар се олабавуваат мерките за продажба 

Mалиот пазар во Велес останува затворен, на Големиот градски пазар се олабавуваат мерките за продажба 

Велес 11 јуни 2020 (МИА) – Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС) на денешната седница  донел одлука Малото пазарче во Новата населба во Велес да остане затворено зашто е во затворен простор. Граѓаните како и досега ќе можат да го користат Големиот градски пазар каде е дозволена продажба на прехранбени, земјоделски и други производи.

Како што информира на денешната прес-конференција градоначалникот Коцевски, ОШЗС решил да ги олабави мерките за продажба на непрехранбени артикли со тоа што наместо како досега, наиземенично – едни па други, отсега на пазарот да продаваат сите сопственици на тезги.

Според Коцевски, со ваквата одлука купувачите ќе имаат поголема понуда на тезги и ќе се намалат гужвите.

-За да се применат сите можни превентивни мерки за заштита на граѓаните, Општинскиот штаб одлучи редовна контрола на пазарот да вршат редарите и да се ограничи бројот на посетители на двата влеза од пазарот, истакна градоначалникот.

Тој информира дека ЈКП „Дервен“ кое стопанисува со Градскиот пазар ќе врши поголема контрола, колку купувачи ќе излезат, толку да влезат. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски, со 200 илјади евра преку Еразмус +, уште ли одработува заради тоа

Викендов променливо и попријатно време, ќе имаме и изолирани врнежи!

Македонски Нетфликс: Филмовите на Мицкоски дека платите месечно  растат по 11, 12 и 13% се навреда за народот, велат од СДСМ