Утрински Весник
Свет

Mаж во Индија силувал девојче во Центар за третман на коронавирус

Mаж во Индија силувал девојче во Центар за третман на коронавирус

Четиринаесетгодишно девојче е силувано во Центар за третман на коронавирус во Индија, јавува Си-Ен-Ен.

Сторителот бил 19-годишник, а заменик-началникот на полицијата во Њу Делхи, Парвиндер Синг, рече дека двајцата претходно не се познавале.

„Силувањето се случило во изолирана област во Центарот за третман на коронавирус, на сторителот му помогнал 20-годишен пријател во злосторството“, рече Синг.

Пријателот на сторителот, наводно, снимил сè.

Осомничениот и жртвата биле двајцата пациенти во Центарот за третман на коронавирус во јужниот дел на Њу Делхи кој има 10.000 легла.

„Жртвата тврди дека 20-годишниот, пријател на сторителот, го снимал силувањето со мобилен телефон“, додаде Синг.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот