Утрински Весник
Магазин

Mадона го покажа својот младешки тен за нова фотосесија

Mадона го покажа својот младешки тен за нова фотосесија

Таа е оригинал Material Girl.

Седумкратната добитничка на „Греми“, Мадона, докажа дека сè уште ги поместува модните граници додека позира во долна облека за нова фотосесија.

62-годишната кралица на попот, која може да се пофали со 43,3 милиони следачи на социјалните мрежи, во најновата објава на својот Инстаграм во средата напиша: „Две страни на истата паричка“.

Мадона ги помина последните осум месеци довршувајќи го документарниот филм за својата турнеја „Мадам икс“ што траеше 75 дена, а наводно, премиерно ќе се емитува на „Нетфликс“ или „Блу-реј“.

Таа минатиот месец се огласи на Инстаграм за да ги информира своите фанови за документарецот: „Го прикажав Madame X во киносала со 500 седишта! Само 12 луѓе бевме таму, но беше прекрасно да се види на голем екран!

„Едвај чекам да му го покажам на светот! Благодарам на сите кои работеа толку напорно овие 7 месеци. И сè уште не сме готови, но гледам светлина на крајот од тунелот.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста