Утрински Весник
Спорт

Лутите навивачи на Порто по катастрофата во ЛШ со камења по автомобилот на Консеисао

Лутите навивачи на Порто по катастрофата во ЛШ со камења по автомобилот на Консеисао

Семејниот автомобил на тренерот на Порто, Сержо Консеисао бил нападнат со камења по катастрофалниот 0:4 пораз од белгискиот Клуб Бриж во средата, потврдија од португалскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Според локалните медиуми, во автомобилот не бил Консеисао, туку неговата сопруга и двата сина, а навивачите почнале да фрлаат со камења и да ги навредуваат, иако за среќа никој не бил повреден.

„Порто го осудува нападот на семејниот автомобил на тренерот Сержо Консеисао минатата вечер пред стадионот ‘Драгао’. Порто исто така жали што властите не сметаат дека беше потребно да се интервенира и бара актерите на чинот да бидат пронајдени“, се вели во објавата на Порто.

47-годишниот Консеисао, кој е тренер на Порто од 2017 година и со клубот има освоено три поени, оваа сезона е на третото место во Примиера со три поени зад лидерот Бенфика и без победа во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи