Утрински Весник
Свет

Лукашенко со наредба: „Ќе реагираме и на најмал обид за агресија“

Лукашенко: Нема да има мобилизација во Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко укажа на потребата од зголемување на будноста на безбедносните структури.

dobivaj vesti na viber

Лукашенко апелираше до органите на прогонот да одговорат и на најмал обид за агресија.

„Зборуваме за дисциплина и извршување на должноста. Особено на границите на Белорусија. Ова се однесува на полицијата, „КГБ“ (државната безбедносна служба) и припадниците на војската. Сите треба да бидеме подготвени да откриеме и најмала агресија врз нашите граници со цел да се преземат соодветни одмазднички мерки“, истакна Лукашенко на состанокот со високи безбедносни претставници, според извештајот на агенцијата „БелТА“, пренесува „ТАСС“.

Лукашенко предупреди дека непријателите ќе ја искористат секоја можност да ја дестабилизираат Белорусија.

Тие ќе продолжат да го прават тоа и затоа барам, да ги почитувате овие упатства“, рече белорускиот претседател.

Според него, во Белорусија има многу воени лица кои се под оружје и се фокусирани на одбраната на својата татковина.

„Мораме да го искористиме тоа“, рече Лукашенко.

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“