Утрински Весник
Свет

Лукашенко: САД не дозволуваат Украина да започне мировни преговори

Лукашенко: САД не дозволуваат Украина да започне мировни преговори

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави денеска дека САД не дозволуваат Украина да започне преговори со Русија.

dobivaj vesti na viber

„Украинското раководство не смее да започне преговори. Сакаат да ја уништат Европа со еден удар, за преку Русија да се доближат до Кина. Се разбира, со разбивање на Русија“, рече тој, пренесе ТАСС.

На почетокот на оваа недела, Лукашенко зборуваше за потребата од преговори за мир, но и дека Украина, како и Полска и САД, треба да бидат „изложени во вистинско светло“.

„Америка која владее со Полска се плаши само од едно – нуклеарен конфликт, нуклеарно оружје. Зошто? Затоа што тогаш веќе ќе биде вжештена ситуација. Тоа е нивниот пристап“, изјави белорускиот претседател, пренесе Спутник.

Претходно Лукашенко изјави дека раководството на Украина треба да престане и да преземе чекори за прекин на конфликтот доколку не сака смрт на огромен број луѓе и уништување на земјата.

Можете да прочитате

Патнички авион од 400 милиони долари подарок од Катар за претседателот Трамп

САД повторно ќе ги прогласат Талибанците за странска терористичка организација?

Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје