Утрински Весник
Спорт

Лукас Ернандез потпишува за ПСЖ, а „ултрасите“ му порачаа дека не е добредојден во Париз

Лукас Ернандез потпишува за ПСЖ, а „ултрасите“ му порачаа дека не е добредојден во Париз

Лукас Ернандез многу брзо ќе стане нов играч на ПСЖ. Францускиот репрезентативец ќе потпише договор откако ќе ги мине лекарските прегледи, а Баерн Минхен ќе добие отштета од 50 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Сепак, францускиот репрезентативец не е добредојден во Париз. Лидерот на навивачката група на парискиот клуб, Ромен Мабил, јавно објави дека е против доаѓањето на францускиот репрезентативец.

Мабил објави порака на Инстаграм дека Ернандез „не е добредојден“ во ПСЖ, а француските медиуми ја објаснија позадината на случајот.

Лукас Ернандез е роден во Марсеј, ривалскиот град на ПСЖ, а неговиот татко Жан-Франсоа играше за Олимпик Марсеј. Лукас Ернандез, пак, израснал во Шпанија и настапуваше за Атлетико Мадрид.

Мабиле и другите ултраси на ПСЖ му замеруваат затоа што наводно ги провоцирал по финалето на Лигата на шампионите во 2020 година, во кое Баерн Минхен го победи ПСЖ со 1:0.

Главна цел на парижаните изминатите сезони беше да ја освојат Лигата на шампионите, но сѐ уште не успеале во тоа. Олимпик Марсеј и понатаму е единствениот француски клуб кој го освоил ова натпреварување.

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција