Утрински Весник
Македонија

Лукарски на поткаст ЗРАК: Медицинските физичари се уште се третираат како медицински соработници

Whatsapp Image 2024 12 14 At 10.04.50 77e08e15.jpg

Во поткастот ЗРАК со д-р Марина зборуваше и медицинскиот физичар и доцент, Душко Лукарски кој изнесе детали околу професијата медицински физичар во Македонија, истакнувајќи дека во нашата земја има интерес од младите да се изучува оваа наука. 

„Има студенти, тие не се толку многу како на медицина. Ние сме мала земја, немаме толку многу потреба. ПМФ да продуцира три медицински физичари годишно е сосема доволно за нашата земја, ние немаме потреба од 400 медицински физичари. Имаме потреба од 30, а имаме десет во моментов. Јас сум 12 години раководител низ мои раце се поминати 12 физичари кои волонтирале, се вложиле но не сме ги примиле“ рече тој. 


Лукарски изнесе и забелешки за третманот на медицинските физичари во македонското здравство.

„Не е дека нема физичари има и заинтересирани се за медицинска физика, но за жал бидејќи сме многу малку секогаш не забораваат и ние сме една од ретките земји каде ние медицинските физичари се само медицински соработници“ заклучи тој.

Можете да прочитате

ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН БРАН: Најпрво дожд а потоа само снег

МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци

На сметка за струја од 2.300 денари – зголемувањето е 21 денар