Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Лукароска: Прилепчани нема лесно да ја заборават четиригодишната агонија во режија на Јовчески и Проданоски

20251007203233 big 730x400 53.webp.webp
300x250 opst2

Прес-конференција на Петра Лукароска, кандидатка на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Прилеп

Обземени од желбата за власт, но и исплашени од нејзиното губење, ДПМНЕ и нивните кандидати за градоначалници и советници забораваат дека во политиката, исто како и во животот, треба да се има и лице, и образ, и обзир.


Господа од ДПМНЕ, чиста небулоза е да го шетате низ чаршија Панче Тошковски, министерот во чиј мандат во Прилеп се запалени триесетина автомобили, фрлени се бомби во угостителски објекти и во домови на наши сограѓани.

Тешко лицемерие е да зборувате за „грижа за младите“, кога општина Прилеп е меѓу ретките во државата во која не постои Младински центар. Со тоа, не само што го прекршивте Законот за младинско учество и младински политики, туку покажавте и непочит кон сите млади.

Исто како и пред 4 години, и денес ветувате изградба на градинка. Истото ветување, истата градинка, на истата локација како и тогаш. Кој може да верува во вакво ветување кажано од истите оние на кои им требаа три и пол години да стават во функција речиси изградена градинка, наследена од претходната локална власт на СДСМ?

Со кое лице ветувате реконструкција на улици, кога за 4 години потрошивте над 100 милиони евра а улиците ги оставивте изрешетени со дупки како кратери?

Нели ви е незгодно да се сликате на спортски натпревари, кога токму вие сте тие кои го уништија прилепскиот спорт а „Победа“ ја избришаа од фудбалската мапа?

Како ќе им објасните на граѓаните дека вие и вашите партиски директори ги поскапевте данокот на имот, водата, комуналните услуги, градскиот превоз, но и покрај тоа сите 4 јавни претпријатија станаа загубари со финансиска “дупка“ поголема од 2 милиони евра?

И сето ова се случи за време на вашето владеење со општина Прилеп, период во кој сите конци ги влечеа градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Совет и претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

Четиригодишната агонија во режија на тандемот Јовчески – Проданоски, прилепчани нема така лесно да ја заборават.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја