Утрински Весник
Македонија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова” во Скопје

Lukarevska 1.jpeg


Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува до константно одбивање на амандманите предложени од СДСМ. На денешната комисијата за финансирање на буџет одби да се обезбеда средства за реконструкција на улицата „Ленинова” во Скопје.

– СДСМ поднесе амандман да се обезбедат средства за реконструкција на улицата „Ленинова”, на потегот од раскрсницата на булевар Илинден до паркот на Франкофонијата. Со помош на реконструкцијата ќе се заврши целото реконструирање на улицата Ленинова, која е една главните оски во рамки на општина Центар. Со ова ќе се растовари сообраќајниот метеж во општина Центар, а целиот простор дополнително ќе се уреди, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска

Заменик министерот за финансии и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, го одбија и овој амандман на СДСМ.

Можете да прочитате

ДУИ: Правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница