Утрински Весник
Економија

Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно ги задолжува граѓаните

Lukarevska izjava.jpeg

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува неодговорност во управувањето со јавните финансии и секој ден ги задолжува граѓаните, реагираше пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната Комисија за финансирање на буџетот.

“Задолжување имаме за 94% завршен проект. Проектот за подобрување на основното образование, кој започна уште во април 2021 година, со предвиден рок за реализација до февруари 2026 година, според зборовите на заменик-министерот, досега е реализиран со 94,27%. Остануваат уште околу 5,7% од средствата што треба да се реализираат. И покрај тоа, денес сме сведоци на ново задолжување токму за тие преостанати 5,7%, со рок на отплата од 12 години и годишна каматна стапка од 18,5%. Ова е значително повисоко од претходниот рок на отплата од 11 години, кој важеше за првите 95% од реализираните средства. Таа потенцираше дека ова е уште еден доказ за недоследност во политиките на владејачкото мнозинство. Она што некогаш го критикуваа како опозиција, денес го промовираат како своја политика”, рече Лукаревска.


„Добро е што имаме продолжување на проектите што ги започна СДСМ. Но, парадоксот е очигледен, овој проект е иницијатива на претходната влада, која сегашната власт ја презема со ново задолжување без никаков јасен план како ќе се враќаат средствата. Она што некогаш беше предмет на жестоки критики, денес е прифатено и се промовира како успех. Се прашуваме дали има реална стратегија за враќање на овие задолжувања.”, додаде Лукаревска.

Таа потсети и дека во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени 74 училишта за 10 години, додека под СДСМ, во пократок временски период, беа изградени и реновирани 80 училишни објекти.”

Лукаревска исто така посочи дека владејачкото мнозинство, кое во минатото жестоко ја критикуваше СДСМ за задолжувањата, денес само иницира нови и нови задолжувања, не само преку унгарскиот кредит, туку и преку стратешкиот договор со Велика Британија, додека веќе е најавено и ново задолжување во висина од една милијарда евра.

Можете да прочитате

Со такси лани се возеле речиси 18,5 патници

Бројот на субјекти што не издаваат фискални сметки сè уште голем, привремено затворени 25 објекти

Славески од Регионалниот состанок на гувернери: Поврзувањето на  системите за инстант плаќања е едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања