Утрински Весник
Македонија

Лукаревска: Одложениот конгрес ќе се одржи до 30 јуни

Sa A Lukarevska Vo Kriva Palanka 3.jpeg

Заменик-претседателот на СДСМ, Сања Лукаревска, денеска во „Студио 10“ на ТВ24 порача дека одложениот отчетен конгрес, кој вчера започна па се одложи, треба да биде завршен до 30 јуни,односно пред внатрепартиските избори за нов претседател.

– Сметам дека треба да имаме продолжување за многу брзо време. Има посебна работна група која работи на отчетниот конгрес. Таму покрај извештајот, имаме многу други точки на дневен ред за дискутирање. Само едно на крајот можам да кажам – Конгресот на СДСМ е демократско начело и таму секој делегат може да каже што мисли и се надевам дека таму ќе има помалку критизери, а повеќе добронамерни критичари, рече Лукаревска.

Лукаревска вели дека е вообичаено прво да се обрати претседателот на партијата што Ковачевски и го стори. На коментарот даден за ТВ 24 на еден од кандидатите за претседател на партијата, Јован Деспотовски, дека е преседан да се прекине конгрес и дека никогаш досега тоа не се случило, Лукаревска вели дека секогаш имало делегати кои не доаѓале на конгресот, но според неа тоа не е причината за прекинувањето на конгресот.

– Извештајот вели дека нашата грешка е пренагласеноста на некои наши стратегии и визии. Секоја изборна единица има различна теза и политика која е приоритет, а ние бевме насочени кон тези кои не беа вистинскиот наратив за тие гласачи. Ние недоволно се обраќавме на неопределените. Ние не излегувавме во пресретн на одредени интереси на членството, како и нашата недостапност и ароганција, вели Лукаревска.

Можете да прочитате

ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии