Утрински Весник
Македонија

Лукаревска од Пробиштип: 2023 е година на економска пресвртница

Лукаревска од Пробиштип: 2023 е година на економска пресвртница

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска од трибината во Пробиштип порача дека СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи презема конкретни и навремени мерки за надминување на последиците од светската економска криза и дека следната година ќе биде подобра.

dobivaj vesti na viber

„Во време на најголема светска економска криза ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, ги зголемивме пензиите и платите, ги исплативме сите заостанати субвенции кон земјоделците и реализиравме два пакета мерки вредни над 760 милиони евра“, порача Лукаревска.

Истакна дека поддршката за граѓаните и економијата продолжува и натаму а Буџетот за 2023 е еден од инструментите за надминување на последиците од кризата.

„Во Буџетот за 2023 година предвидени се средства за зголемување на минималната плата и нов раст на пензиите, но и доволно средства за зголемување на лимитот за поврат на ДДВ кон граѓаните. Повратот на ДДВ е една од најуспешните мерки и од следната година го зголемиваме прагот за поврат од 1.800 на 2.100 денари квартално. 2023 ќе биде година на нова надеж и економска пресвртница, а тоа го покажува и проекцијата на ЕБОР за економски раст од 2.3 отсто што е повеќе од европскиот просек на раст исто така според проекциите на ЕБОР. Како одговорна партија продолжуваме да се грижиме за сите граѓани“, порача Лукаревска во Пробиштип.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ ги заглави општините кои ги води, градоначалниците на СДСМ ги развиваат и постојано реализираат нови проекти а пример за тоа е градоначалникот на Пробиштип“, додаде Лукаревска.

Можете да прочитате

На „Магистрален пат“ во Кичево сообраќајка со три жртви

207 санкции за брзо возење

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара