Утрински Весник
Македонија

Лукаревска: Нема никаков ултиматум од Заев кон Ковачевски

Sanja lukarevska 960x516 1
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревска ги демантираше информациите во дел од медиумите дека поранешниот лидер на партијата Зоран Заев му дал ултиматум на актуелниот претседател на партијата Димитар Ковачевски заедно со оставката од премиерската функција да поднесе оставка и од лидерската функција.

– Не станува збор за никаков ултиматум од поранешниот претседател на СДСМ кон сегашниот претседател на СДСМ. И пред година дена имаше написи дека има одредени разноликости во делот на функционирањето меѓу Заев и Ковачевски, но времето го демантираше тоа. Во СДСМ можеби има различни ставови за битни, клучни државнички прашања, но тоа не значи дека има неединство, рече Лукаревска на гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Лукаревска посочи дека на потпреседателско ниво се одвиваат и разговори со ВМРО-ДПМНЕ околу Изборниот законик. Во однос на изборот на член на Државната изборна комисија рече дека тоа треба да се разговара во Парламентот, во рамки на парламентарните групи.

За изборот на кандидат за претседател и носители на листи за претстојните изборни циклуси, Лукаревска рече дека е започната процедурата за предлагање кандидати и за самокандирање и дека ќе се одржат два конгреса на кои ќе се обелоденат имињата.

Можете да прочитате

СДСМ: „Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?“

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово