Утрински Весник
Спорт

Лука Модриќ ја пишува историјата на Реал Мадрид

Лука Модриќ ја пишува историјата на Реал Мадрид

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ до крајот на сезоната би требало да стане вториот најстар играч во историјата на Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Пред Модриќ во моментов има тројца играчи кои го носеле дресот на „кралскиот клуб“, а биле постари од Модриќ, пренесе ХИНА.

Голманот Јиржи Дудек последен пат стоеше меѓу стативите на 38 години и 56 дена на првенствениот натпревар со Алмерија во јануари 2011 година.

Пако Бујо, исто така голман, имаше 38 години и 63 дена кога ја чуваше мрежата на Реал против Албасете во март 1996 година.

Модриќ треба да ги надмине и двајцата пролетва, доколку нема проблеми со повреди.

Пред него би останал само напаѓачот Ференц Пушкаш, кој во 1966 година играше во Купот на Шпанија со 39 години и 36 дена.

Модриќ, чиј договор истекува на 30. јуни 2024 година, би морал да го продолжи договорот на една година за да го надмине Пушкаш и да стане најстариот играч во историјата на клубот.

Реал, 14-кратен европски шампион, го донесе Модриќ во август 2012 година од лондонски Тотенхем.

Оттогаш, хрватскиот играч од средниот ред одигра 492 натпревари и постигна 37 гола за тимот од Мадрид. Освои 23 титули, од кои пет во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024