Утрински Весник
Спорт

Луис Енрике: Нема да калкулираме против Јапонија

Луис Енрике: Нема да калкулираме против Јапонија

Шпанија и Германија одиграа нерешено 1:1 во Доха во натпреварот од второто коло од групата Е на Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, изјави дека е задоволен од првото полувреме и додаде дека неговиот тим „направил грешки кои вообичаено не ги прави“.

„Задоволен сум како игравме во првото полувреме. Во вториот дел направивме грешки што нормално не ги правиме. Не ја контролиравме играта во вториот дел, а Германците решија да одат на сè или ништо“, изјави Енрике.

Шпанија е на првото место во групата со четири бода, Јапонија и Костарика имаат по три, а Германија еден бод. Сите се во игра за пласман во осмина-финалето, Германија мора да слави против Костарика и во исто време ќе чекаат победа на Шпанија над Јапонија.

„Ако некој ни ја понудеше оваа ситуација во групата по две кола, веројатно ќе ја прифативме без премногу размислување. Нема да калкулираме во последниот натпревар. Одиме на победа, сакаме да бидеме први во групата “, изјави Енрике.

Натпреварот меѓу Шпанија и Јапонија се игра во четврток.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ