Утрински Весник
Спорт

Луд финиш во Емполи и победа на Милан

Луд финиш во Емполи и победа на Милан

Шампионот Милан успеа да слави во фото-финиш од дуелот против Емполи во Серија А. Три гола беа постигнати во судиското продолжение, а сите четири во последните десетина минути. На крајот „росонерите“ славеа со 1:3.

dobivaj vesti na viber

Долго време немаше голови на овој меч, а Анте Ребиќ донесе водство за Милан во 79.минута.

Недин Бајрами израмни во втората минута од продолжението, но одговори Фоде Бело-Туре две минути подоцна. Во 97.минута, Рафаел Леао го постави конечниот резултат.



Можете да прочитате

Скандал во женската лига: По два поништени гола, Љуботен се повлече од натпреварот

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови