Утрински Весник
Магазин

„Луј Витон“ го избра Фарел Вилијамс да ги води машките дизајни

„Луј Витон“ го избра Фарел Вилијамс да ги води машките дизајни

Францускиот моден бренд „Луј Витон“ го именуваше продуцентот, рапер, пејач-текстописец, добитник на „Греми“ Фарел Вилијамс за нов креативен директор за машка облека.

dobivaj vesti na viber

Брендот го опиша Вилијамс како „визионер чиј креативен универзум се проширува од музика до уметност и мода“.

Тој е исто така ко-основач на брендот за улична облека Billionaire Boys Club („Клуб на момчиња милијардери“).

Улогата во „Луј Витон“ претходно ја имаше познатиот дизајнер Вирџил Аблох, кој почина во 2021 година.

Првата колекција на Вилијамс за брендот ќе биде прикажана на машката модна недела во Париз во јуни.

„Мило ми е да му посакам добредојде дома на Фарел, по нашите соработки во 2004 и 2008 година, како наш нов креативен директор за мажи“, се наведува во соопштението на претседателот и извршен директор на „Луј Витон“, Пјетро Бекари.

„Неговата креативна визија вон модата несомнено ќе го води ‘Луј Витон“ кон ново и многу возбудливо поглавје“, додава Бекари.

Можете да прочитате

Жена дала 100.000 евра и го чекала „Бред Пит“ три недели во хотел

Четири клучни возрасти за мозокот

Зошто автомобилот троши повеќе гориво зиме