Утрински Весник
Спорт

ЛШ ќе се игра и за викенд, тренерите добија право на челенџ

ЛШ ќе се игра и за викенд, тренерите добија право на челенџ
Dik 300x250 mk

Ракометната Лига на шампиони ќе изгледа поинаку од фајналфорот што во јуни ќе се игра во Келн.

dobivaj vesti na viber

Извршниот комитет на ЕХФ, на последниот состанок донесе низа одлуки поврзани со следната ракометна сезона. Усвоено е правилот кое долго се најавуваше. Од следната сезона, тренерите во текот на натпреварот ќе имаат право на еден челенџ.

ЕХФ нагласи дека ова правило ќе започне да се применува од завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Одлучено е и „под посебни околности“ да може да се играат натпревари од Лигата на шампионите, во машка конкуренција и за викенди, а не само во среда и четврток како досега, а причина за тоа е поголемата посетеност и поголема гледаност на ТВ.

Се разговараше и за учество на руски и белоруски тимови на меѓународни натпреварувања и засега е извесно дека нема да бидат во конкуренција за сезоната 2023/24.

Следната сезона во Лигата на шампионите на ЕХФ во машка и женска конкуренција по едно место да биде доделено преку специјална покана. додека досега сите места беа доделувани според ранг-листата на ЕХФ.

Се зборуваше и за зголемување на минималниот капацитет на салите за европските натпреварувања, но беше одлучено тоа да се одложи за уште најмалку две сезони и дека тоа ќе биде можно само во сезоната 2025/26.

Фото/ ehfcl.eurohandball.com

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето