Утрински Весник
Македонија

Лотарија го раскинува договорот за закуп на поранешниот ресторан за свадби

Vlada Rm.jpg
Dik 300x250 mk

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на договорот за закуп на административно – деловен простор што Државна лотарија го случи со фирмата Хеј ДООЕЛ“ Скопје, соопштија од владината прес-служба на 17 септември.

Станува збор за поранешен ресторан за свадби во скопско Визбегово, за кој во серијата истражувања за Лотарија, Радио Слободна Европа (РСЕ) откри дека договорот кој беше склучен е за сума од 2,6 милиони евра за период од 10 години. Тој беше склучен на 5 јули 2023 година.

„Овој договор кој е склучен за време на минатата влада предизвика силни контроверзни и нереални високи суми при што се споменуваа и одредени лукративни интереси. Договорот е во износ од 2.26 милиони евра во период од неколку години“, велат од Владата

Можете да прочитате

Руте: Агресијата на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг