Утрински Весник
Магазин

Лорен не се одвојува од Безос на гала настан

Лорен не се одвојува од Безос на гала настан

Џеф Безос и неговата девојка Лорен Санчез присуствуваа на гала вечер  на доделување на наградата „Портрет на нацијата“ (Portrait of a Nation Award) во Националната галерија на портрети во Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

„Заборавете на приватно обезбедување… Џеф Безос ја има Лорен Санчез“, пишува „Пејџ сикс“ и цитира извори блиски до парот, кои тврдат дека Лорен цело време не се одвојувала од својот партнер.

Моќната двојка се појави на свеченото доделување наградата „Портрет на нацијата“ (Portrait of a Nation Award) за 2022 година. Настанот се одржа во саботата.

„Џефј беше многу ангажиран во текот на целата вечер и беше љубезен со луѓето кои му приоѓаа, а Лорен секогаш беше тука за него. Таа е премногу заштитнички настроена кон него. Таа е слатка и прекрасна кон сите, но дефинитивно презаштитнички се однесуваше кон него во текот на вечерта,“ рече изворот, додавајќи дека Безос изгледал опуштено.

На настанот присуствуваа и Серена и Венус Вилијамс, Клајв Дејвис, Ава Дувернеј, Ентони Фаучи, Ненси Пелоси, Хилари Клинтон и други.

Не е јасно кога точно основачот на „Амазон“ почнал врска со Санчез, но тие наводно се заљубиле додека тој бил во брак со Мекензи Скот, а Лорен била во брак со извршниот директор на холивудската агенција WME Патрик Вајтсел.

Безос се разведе во 2019 година и тоа е една од најскапите бракоразводни парници на сите времиња.

Вајтсел, наводно, ја запознал Лорен со Безос, а парот првпат бил виден заедно на Вимблдон.

Можете да прочитате

Истражување открива кога машкото либидо го достигнува врвот

Вештачката интелигенција носи ризик од нова ера на масовна невработеност

Британски аристократ бара млада сопруга, условите се неверојатни