Утрински Весник
Македонија

Лога: Записникот од седницата на Судскиот совет сеуште не е доставен во Министерството за правда

Лога: Записникот од седницата на Судскиот совет сеуште не е доставен во Министерството за правда

Министерот за правда Кренар Лога одговарајќи на новинарско прашање за настаните во Судскиот совет рече дека во Министерството за правда сеуште не е добиен записникот од седницата на Судскиот совет, која се одржа на 26 април, на која беше разрешена претседателката на Советот, Весна Дамева.

dobivaj vesti na viber

,,Денеска проверивме пред да дојдеме овде дека такви записници не се пуштени кај нас, немаме никаква информација освен тоа што вие го имате дадено како медиуми. Другиот дел останува нејасен, бидејќи не е објавена никаква одлука во Службен весник. Така што не би сакал да навлегувам во оваа проблематика додека немам на хартија тоа што веќе го имам побарано како министер за правда” изјави министерот за правда Кренар Лога.

Можете да прочитате

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава

Мицкоски – Кошта: Македонија заслужува процес, базиран на вредности, а не на билатерални условувања

Одбраната ја оспорува темелноста на вештачењето за „Онкологија“, судењето продолжува на 4 март