Утрински Весник
Македонија

Лога на предлог на Јавното обвинителство ја именуваше Ленче Ристоска за јавен обвинител за врски со ЕВРОПРАВДА

5.5 scaled.jpg

Министерот за правда Кренар Лога на предлог на Јавното обвинителство на РСМ ја именуваше Ленче Ристоска  за јавен обвинител за врски со ЕВРОПРАВДА.
Лога и посака успешна работа на Ристоска со желба да се продолжи континуитетот на  досегашната соработка со Европравда. Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја .
Соработката со Европравда е од исклучително значење за Република Северна Македонија од аспект на борбата со прекуграничен криминал и борбата против тероризмот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол