Утрински Весник
Македонија

Лога: ДИК да ја разјасни дилемата околу бројот на кандидати на советничките листи

20241207183344 big 730x400 49.webp.webp

Доколку Државната изборна комисија (ДИК) прифати листи за советници кои содржат помал број кандидати од пропишаниот со Законот за локална самоуправа (член 34), тогаш постапува во отворена спротивност со законот и влегува во состав на тешко кривично дело, за што надлежните органи и соодветните членови треба да сносат индивидуална и институционална одговорност, се наведува во соопштението од Кренар Лога потпретседател на АА на крилото на Зијадин Села, што го објавуваме интегрално.

Одлуката на Владата предводена од ВРЕДИ-ВМРО (Одлука за утврдување на бројот на членовите на советите на општините во Република Северна Македонија – Службен весник на РСМ, бр. 199 од 26.9.2024 година) во овој правец е тенденциозна, апсурдна и во целосна спротивност со позитивните правни норми, и како таква треба веднаш да се повлече. Секој акт што ги нарушува законски утврдените стандарди во изборниот процес претставува сериозен ризик за уставниот поредок и демократското функционирање на државата.


Нарушувањето на законитоста на изборите претставува една од најтешките форми на институционално прекршување и има сериозни последици врз демократијата, функционирањето на правната држава и довербата на граѓаните во изборниот процес.

Од таа причина, Државната изборна комисија мора итно да ја разјасни оваа дилема и да постапи во целосна согласност со важечките законски одредби, обезбедувајќи интегритет и законитост на изборниот процес, вели Лога.

Можете да прочитате

СДСМ: Лефков сее лаги а молчи за Кочани

Салиу лут на новинарите: За трагедија во Кочани нe сум виновен се додека не бидам осуден

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка