Американската раперка Мелиса Вивиен Џеферсон, попозната како Лизо, на „Инстаграм“ сподели видео снимено по туширање.
Таа позира во пењоар, со пуштена коса и без шминка.
„Само што завршив со туширање и со секојдневната рутина. А знаете што сфатив? Јас сум проклето убава. Јас сум стандард за убавина,“ вели Лизо во видеото.
„Жал ми е што моето совршено лице и тело ве навредуваат. Не можам да се воздржам, јас сум божја миленичка,“ напиша раперката во описот на објавата. Следачите на социјалната мрежа ѝ коментираа дека е апсолутно убава и многу позитивна личност.
„Продолжи вака. Ти си убава, имаш толку чиста и убава кожа. Блескаш без шминка, неверојатна си. Твојата позитивност секогаш ќе ја победува негативноста на другите”, ѝ порачаа на Лизо во коментарите.
Во една прилика пред камерите го покажа своето тело од различни агли и рече: „Спротивно на она што го гледаме на Инстаграм, вистинските тела не изгледаат совршено од различни агли. Моето тело се менува, но ќе го сакам од секој агол.“